Предности на електричното подно греење


Електричното подно греење е невидлив и бесшумен извор на топлина без грди цевки и радијатори. Не создава прашина и не го суши воздухот, со што одговара на стандардите за здрав живот, а одговара и на еколошките барања бидејќи не користи гориво. Овој систем на греење не Ве ограничува во декорација на ентериерот и се прилагодува на димензиите и облиците на Вашиот расположлив простор, па со тоа дополнително излегува во пресрет на Вашите потреби. Електричното подно греење претставува повеќекратен економичен систем, бидејки со поволната цена на производот, неговиот квалитет, доверба и трајност, трошоците за вградување ги сведува на минимум и не бара дополнително одржување. Освен тоа, штеди енергија со контролирање на нејзината потрошувачка, со програмирање, а и со самото акумулирање на топлината како основен принцип на неговото функционирање. Бидејќи топлината се шири и вертикално и хоризонтално се остварува рамномерно затоплување на просторот, што претставува посебен вид на удобност. Топлината се шири во облик на зрачење, што е и најприроден начин на греење. Производите на ELEKTRA се конструирани во согласност со климатските промени во Европа каде што надворешната температура се менува за само неколку часа.Контролната единица е конструирана за брза и точна реакција.


Компанијата ELEKTRA е најголем и најстар производител во централна и југоисточна европа на електрични грејни кабли за подно греење. Ние сме нивни генерални застапници за Македонија.
ДЕСЕТ ГОДИШНАТА фабричка гаранција на грејните кабли сама по себе зборува за квалитетот и долгогодишната експлоатација на овој вид на греење, кое воедно е и најекономичен начин за затоплување, а може да се користи како основно или дополнително греење. Асортиманот на производи нуди големи можности и наоѓа широка примена во многу сегменти на нашето живеење. Основно или дополнително греење за индивидуално домување (куќи и викендици), колективно домување (станови) за целосно или парцијално решение (тоалети, бањи, ходници и кујни) за греење како и за деловни простори и дуќани.

Против замрзнување и топење на снег и лед од дворни површини и надворешни скалила;

Против замрзнување на водоводна инсталација;

Против замрзнување на надворешни чешми;

Против замрзнување и топење на снег и лед во олуци и на кровни површини;

Против замрзнување и топење на снег и лед од пристапни патеки, приоди и влезови на јавни, комерцијални и индустриски објекти.







PDF ЕЛЕКТРИЧНО ПОДНО ГРЕЕЊЕ - КАТАЛОГ

PDF СИСТЕМИ ЗА ЗАШТИТА ОД СНЕГ И МРАЗ - КАТАЛОГ