Бул. Партизански одреди 17, 2/2, Скопје

+389 78 242 656

Ул. Востаничка, бр. 21, Скопје

+389 2 2736 105
+389 2 2736 104

Топлински пумпи

Дали и зошто топлинска пумпа?

Одговорот е едноставен! ДА! За топлинска пумпа и за придобивките од истата, за помали сметки на електрична енергија , за потопол дом и најбитно не e загадувач на животната средина и воздухот, односно вистинско еколошки прифатливо решение! Топлинските пумпи можат да работат на 2 начина: воздух – вода, и вода – вода.

Што претставува и како работи топлинската пумпа ВОЗДУХ – ВОДА?

Топлинската пумпа воздух-вода ја презема енергија од воздухот и го пренесува во системот за греење. Разладното средство (фреонот) за ладење преку затворено коло ја зема оваа енергија и ја пренесува до компресорот. Топлината создадена во овој процес, преку вградениот топлински изменувач се пренесува до водениот систем. На тој начин водата се загрева до потребната температура дури и при ниски надворешни температури од -25 степени. Овој систем е погоден не само за нови градби, туку и за лесна, брза и едноставна монтажа на постојниот систем за греење кој веќе го користите во вашите домови, без разлика дали е греењето со радијатори или топловодно подно греење.

Топлинската пумпа во процесот на работа може да се искористи воедно и како систем за загревање на топла санитарна вода за туширање и капење што придонесува за економичен и поеколошки начин на живеење. Исто така, може да се приклучат и соларни панели на централниот бојлер за санитарната вода, со што трошоците за електрична енергија би биле минимални.

Топлинската пумпа има можност да работи и регулира паралелно 2 грејни зони , со регулација на две различни температури. На пример, топловодно подно греење  чиишто цевки би се загреале со пониска оптимална температура која е препорачана за на под, температура за санитарна топла вода, и греење со радијатори и регистри од тоалет со повисока температура на водата. Во зависност од потребите на објектот, за вградување на топлинска пумпа одредуваме која пумпа и со каков капацитет е потребна земајќи ги на прво место материјалите кои се веќе вградени или за нов објект кој треба да се вградат, како што се изолација на ѕидови, квалитет на прозорци и под, положбата на објектот, итн.

Во нашата понуда секогаш прво ги препорачуваме високо ефикасните HI POWER топлински пумпи кои со гаранција постигнуваат и до 65 степени. Ова го напоменуваме бидејќи цената на топлинската пумпа зависи пред се од брендот кој ги гарантира перформансите и капацитетот на топлинската пумпа кои веќе се проверени, а воедно и достапни онлајн. На пазарот има голем избор на топлински пумпи од непознати производители и брендови со доста пониски цени, со опис на карактеристики кои што не се точни и во првата поладна зима не ја постигнуваат бараната температура на греење – Имајте го ова секогаш во предвид! 

Што претставува и како работи топлинската пумпа ВОДА – ВОДА?

Топлинската пумпа вода-вода ја користи енергијата од подземните води, односно геотермална топлина од подземните води со помош на ископ на бунари за вода. Во зависност од капацитетот на греење, треба да се обезбеди точниот износ на проток на вода во бунарот. Водата се користи за да се продупчат бунарите со користење на вградена пумпа. Подземната вода се презема од бунарот за снабдување, се води преку безбедносниот топлински изменувач и се враќа во циклусот на подземна вода преку посебен бунар за одвод на водата. Безбедносниот топлински изменувач ја пренесува топлината од подземната вода до кругот кој е интегриран во испарувачот на топлинската пумпа. Овој дизајн ги спречува скапите штети кои можат да настанат во разладното коло.

Како и длабокото дупчење, и подземната вода исто така е идеална за пасивно ладење.

Предности на топлинските пумпи

  • Со топлинските пумпи можно е поврзување и комбинација со веќе постоечките системи на греење (пример во фаза на реновирање на просторот)
  • Еднократна инвестиција, меѓутоа поекономично исплатлива на долг рок
  • Топлинската пумпа е автоматски систем, во кој имате заштита од замрзнување
  • Еколошки прифатлива
  • Флексибилен систем: лесна инсталација, заштедува простор и за нова градба и за реновирање
  • Ефикасно решение: достапност на топла вода дури и при екстремно ниски температури -25
  • Максимална температура која може да се постигне е 65 степени
  • Топла вода во секое време!
  • Во зима можете да генерирате топлина користејќи го вашиот парно/подно греење систем за греење, а во лето ова да го користите за да ја ублажите топлината во вашата соба, пасивно. Активно ладење е можно преку вентил-конвекторски единици.

Типови на топлински пумпи

ТОПЛИНСКИ ПУМПИ ВОЗДУХ – ВОДА

ТОПЛИНСКИ ПУМПИ ВОДА- ВОДА

Доколку имате потреба од нашите производи, побарајте понуда или јавете ни се.