Одговорот е едноставен! ДА! За топлинска пумпа и за придобивките од истата, за помали сметки на електрична енергија , за потопол дом и најбитно не e загадувач на животната средина и воздухот, односно вистинско еколошки прифатливо решение! Топлинските пумпи можат да работат на 2 начина: воздух – вода, и вода – вода.
Топлинската пумпа воздух-вода ја презема енергија од воздухот и го пренесува во системот за греење. Разладното средство (фреонот) за ладење преку затворено коло ја зема оваа енергија и ја пренесува до компресорот. Топлината создадена во овој процес, преку вградениот топлински изменувач се пренесува до водениот систем. На тој начин водата се загрева до потребната температура дури и при ниски надворешни температури од -25 степени. Овој систем е погоден не само за нови градби, туку и за лесна, брза и едноставна монтажа на постојниот систем за греење кој веќе го користите во вашите домови, без разлика дали е греењето со радијатори или топловодно подно греење.
Топлинската пумпа во процесот на работа може да се искористи воедно и како систем за загревање на топла санитарна вода за туширање и капење што придонесува за економичен и поеколошки начин на живеење. Исто така, може да се приклучат и соларни панели на централниот бојлер за санитарната вода, со што трошоците за електрична енергија би биле минимални.
Топлинската пумпа има можност да работи и регулира паралелно 2 грејни зони , со регулација на две различни температури. На пример, топловодно подно греење чиишто цевки би се загреале со пониска оптимална температура која е препорачана за на под, температура за санитарна топла вода, и греење со радијатори и регистри од тоалет со повисока температура на водата. Во зависност од потребите на објектот, за вградување на топлинска пумпа одредуваме која пумпа и со каков капацитет е потребна земајќи ги на прво место материјалите кои се веќе вградени или за нов објект кој треба да се вградат, како што се изолација на ѕидови, квалитет на прозорци и под, положбата на објектот, итн.
Во нашата понуда секогаш прво ги препорачуваме високо ефикасните HI POWER топлински пумпи кои со гаранција постигнуваат и до 65 степени. Ова го напоменуваме бидејќи цената на топлинската пумпа зависи пред се од брендот кој ги гарантира перформансите и капацитетот на топлинската пумпа кои веќе се проверени, а воедно и достапни онлајн. На пазарот има голем избор на топлински пумпи од непознати производители и брендови со доста пониски цени, со опис на карактеристики кои што не се точни и во првата поладна зима не ја постигнуваат бараната температура на греење – Имајте го ова секогаш во предвид!
Топлинската пумпа вода-вода ја користи енергијата од подземните води, односно геотермална топлина од подземните води со помош на ископ на бунари за вода. Во зависност од капацитетот на греење, треба да се обезбеди точниот износ на проток на вода во бунарот. Водата се користи за да се продупчат бунарите со користење на вградена пумпа. Подземната вода се презема од бунарот за снабдување, се води преку безбедносниот топлински изменувач и се враќа во циклусот на подземна вода преку посебен бунар за одвод на водата. Безбедносниот топлински изменувач ја пренесува топлината од подземната вода до кругот кој е интегриран во испарувачот на топлинската пумпа. Овој дизајн ги спречува скапите штети кои можат да настанат во разладното коло.
Како и длабокото дупчење, и подземната вода исто така е идеална за пасивно ладење.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |