Бул. Партизански одреди 17, 2/2, Скопје

+389 78 242 656

Ул. Востаничка, бр. 21, Скопје

+389 2 2736 105
+389 2 2736 104

Сервис и хемиско чистење на клима уред

Нашата компанија е специјализирана во областа на сервисирање на сите типови и брендови на клима уреди, инвертери и обични сплит системи, касетни (плафонски), парапетни (подни), каналски и floor standing клима уреди.

Сервис на клима уред

  • Дополнување и промена на фреон
  • Сервисирање на електроника и замена за нова, поправка на сонди и замена за нови,замена на сервисни делови и сл.
  • Замена на кондензатори, компресори, перки, вентили
  • Монтажа и демонтажа на нови и половни клима уреди
  • Вградување на дополнителна бакарна инсталација при монтажа

Закажете термин за сервисирање на вашиот клима уред и нашиот оператор ке ве контактира за првиот слободен термин!

Хемиско чистење на клима уред

Клима уредите се совршено место за развивање на бактерии, а со самото тоа и потенцијална можност за непријатни инфекции и алергии. Затоа, препорачливо е еднаш годишно да се направи детално хемиско чистење на вашиот клима уред. Ова хемиско чистење не подразбира само чистење на филтрите (тоа би можеле да го направите и сами), туку длабинско чистење на уредот со што, по хемиското чистење уредот е почист откако кога сте го купиле!

Нашиот третман на хемиско чистење на клима уред опфака:

  • Вадење на предните пластики и филтри на надворешната единица
  • Доколку има потреба се вадат и перките (тоа се констатира на лице место)
  • Длабинско перење и чистење на пластиките, филтрите и испарувачот со специјално еколошко,антибактериско и нетоксично средство кое што уништува дури и Legionela , бактерија која се развива и живее во самиот клима уред,а притоа може да биде многу штетна за човечкиот организам.
  • Повторно перење и добро плакнење со вода.
  • Вториот дел од хемиското чистење опфака прскање на деловите со специјално средство кое прави заштитен слој за да не се налепува прашина и бактерии во наредните неколку месеци.
  • Прскање со средство за ароматизација и пријатен мирис.
  • Комплетно склопување на уредот во првобитна состојба.
  • Контрола на фреонот во клима уредот.

Придобивките од чист клима уред влијае на здравјето на сите членови во семејството, а воедно и на сметките за струја! Нечистиот клима уред често пати го намалува капацитетот што придонесува и до поголема потрошувачка на електрична енергија.

Закажете термин за хемиско чистење и нашиот оператор ќе ве контактира за првиот слободен термин!