Од сите системи за греење, подното греење со неговото вертикално распределување на температурата е најблиску до физиолошкото распределување на телесната температура. Подното греење е загревање со користење на ниска температура (температурата на подот ќе достигне околу 26°C) а целиот под всушност претставува греен елемент.

Главни предности на подното греење е тоа што не се создава судир на честички или прашина предизвикани од силно струење на воздухот и со тоа создавање на алергени и овозможување на честичките да летаат во воздухот. Нема драстични промоени во протокот на воздухот и не го суши воздухот што е многу важно за дишењето и кожата.