Производството на грејачите е наменско односно нивните димензии ги прилагодуваме според дадената форма и димензија на каналот со што се овозможува максимална искористеност на самиот грејач додека јачината на истите е по потреба на клиентите.
Има три типа на грејачи и тоa:
Со електроника и автоматика - овие типови на грејачи наоѓаат примена во областа на климатизацијата
Со автоматика – овие типови на грејачи наоѓаат примена во областа на вентилацијата
Грејачи без електроника и автоматика
Исто така изготвуваме и пресметка за јачината на грејачите по предходно зададени параметри како што се димензија и вид на каналот и јачината на постојниот вентилатор.