Бане аир

 
Нашето претпријатие Сервис Термо Кинг е основано во 1992 год. со локација во Скопје во населба Црниче и се занимава со производство на електрични калорифери, воздушни завеси и грејачи за вентилација и климатизација и изведба на електрично подно греење, изведба на вентилација како и продажба, монтажа и сервисирање на клима уреди.

Нашата производна програма се состои од сериско производство на три модели на електрични калорифери и тоа ТК-3 kw, ТК-4.5kw и 6-8-10 kw. Квалитетот на нашите електрични калорифери го потврдува високиот процент на покриеноста на нашиот пазар како и продажбата надвор од нашиот регион, по што сме познати под името Мајстор Бане.

Во 2004 година го пуштивме и новиот производ - воздушни завеси, под името BANE AIR во 4 различни димензии: 1.0m, 1.2m, 1.6m и 2.0m со греење и без греење.

Сите наши производи се атестирани и испитани и се со сертификати за квалитет и сигурност, а за истите сме наградени со златна медаља на меѓународниот саем „Технома“. На нашите иновации и идеи секојдневно работи тим на стручни лица, пратејќи ги светските трендови во областа на нашата производствена програма сакајќи секогаш да бидеме во чекор со времето.

Во областа за изведба на вентилација, продажба на климатизација и сервисирање на иститите, со сигурност можеме да потенцираме дека сме специјализирани за сервис и монтажа на клима уреди за сите типови, со што нашите клиенти се секогаш 100% сигурни од купениот производ за што сме должни во рок од 24 часа нашите сервисери со сигурност да го отстранат дефектот.

Исто така сме и генерални застапници на реномираната компанија ELEKTRA за производство на грејни електрични кабли со седиште во Полска. Електричните грејни кабли во последниве години се вистински хит и вистинско решение за економичност и имаат широка примена за затоплување на вашите домови и деловни простории како и против замрзнување и топење на мраз во олуци, кровови, скалила, дворни површини, пристапни патеки, приоди и влезови на јавни, комерцијални и индустриски објекти .